Фото: Принтскрин

Најмалку 233 лица загинаа, а 900 се повредени откако два патнички воза се судрија во Одиша, информираат официјални лица во источната индиска држава, што претставува најсмртоносна железничка несреќа во Индија во повеќе од една деценија, пренесе Алџезеира.

Се очекува вкупниот број на загинати да биде уште поголем, објави на Твитер државниот секретар на Одиша Прадип Јена.

Судханшу Саранги, генерален директор на противпожарната служба Одиша, за „Ројтерс“ изјавил за дека досега биле извлечени 207 тела, пренесува „Хина“.

– Бев таму на лице место и видов крв, скршени раце и нозе, луѓе кои умираат околу мене – изјавил очевидец за „Ројтерс“ по телефон.

Спасувачки тимови се мобилизирани во Бубанесвар, град во Одиша и Калкута во Западен Бенгал, објави на „Твитер“ федералниот министер за железници Ашвини Ваишнау.

На местото на несреќата има три тима за помош при катастрофи, а мобилизирани се уште шест екипи, соопштиле Националните сили за помош при катастрофи.

Судирот се случил околу 19 часот по локално време (15.30 по средноевропско време).

„Експресниот воз Корах“ кој сообраќал од Бангалор до Хорах во Западен Бенгал, излетал од шините и се судрил со „Коромандел Експрес“, кој сообраќа од Калкута до Ченаи.

Министер на Одиша, Навен Патнаик, изјавил дека приоритет на Владата е да ги хоспитализира преживеаните.

Спасувачките операции се во тек на местото и „секаква можна помош“ им се дава на погодените, напиша на „Твитер“ индискиот премиер Нарендра Моди.