Две лица загинале, а едно било тешко повредено во тешка сообраќајка на новиот експресен пат Прилеп – Градско пред клучката за Кавадарци, потврдија за МИА од Брза помош Кавадарци и Територијалната противпожарна единица, кои интервенирале на лице место.
Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци, појасни за МИА дека директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко повредено лице на 39 години од Прилеп од другото возило, било транспортирано во тешка здравствена состојба до Општа болница Кавадарци со тешки повреди.

































