Министерството за внатрешни работи, информираше дека вчера во 19:45 часот, во СВР Скопје, Д.М. (37) од Скопје пријавил дека неговиот син почувствувал удар во грбот додека бил на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево. По инцидентот, детето забележало зрно од огнено оружје.
Според информациите од полицијата, малолетникот не е повреден, а надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



































