Фото: Влада

Премиерот Христијан Мицкоски, како одговор на новинарско прашање, даде коментар за случајот „шпионажа во Кабинетот на претседателката“ за Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска информираше дека отворило истрага.

ОЈО ГОКК отвори предистрага за сомневање за шпионажа во Кабинетот на претседателката Силјановска – Давкова

-Па, видете, тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото, коишто се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери и така натаму. И тие се претставуваат како група вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителства. Се разбира, таму е Ислам Абази, веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодари, бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме – рече премиерот Мицкоски.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во врска со овој случај, како што информираа од МВР, постапува по две Наредби добиени од ОЈО за ГОКК доставени на 12.2.2026 и 25.3.2026 со кој се бара да се изврши анализа на електронски доказен материјал.

МВР за случајот „шпионажа во Кабинетот на претседателката“: Се финализира анализата на електронските докази

-Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема – велат од МВР.