Реформи пред сѐ!

Од извештајот на Марио Драги за перспективите на конкурентноста на ЕУ се забележува дека гледиштата на врвниот економист и технократ за Европа не се баш светли. Но надолниот тренд на Стариот Континент не е однапред одреден. А ЕУ и претходно се врати од „работ на бездната“. Токму Драги беше поздравен како спасител на еврозоната за време на должничката криза во 2012 година. Можеби неговиот директен пристап и речник употребен во извештајот ќе ги разбудат бирократите на Европската комисија. Токму големите потреси во изминатите две децении, како финансиската криза и пандемијата на ковид-19, ги поттикнаа владите во одредена мера да ги остават настрана своите лични интереси и да почнат со реформи

Ќе успее ли Марио Драги да ја спаси Европската Унија за земјите кандидати од Западен Балкан да дочекаат прием во неа? Стигнаа ли навреме неговите амбициозни препораки за реформирање на европскиот блок, кои веќе ги отпишуваат како неостварливи? Тоа се веројатно прашањата што се поставуваат на Балканот, иако со доза на сарказам, откако поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка го претстави извештајот за перспективите на конкурентноста на ЕУ.

Од овој документ се забележува дека гледиштата на врвниот економист и технократ за Европа се мрачни. А уште полошо е што, иако тој знае како да ја подобри состојбата, многумина се сомневаат дека ќе успее да ги оствари своите замисли. На тој начин ЕУ, која постојано ја нагласува потребата од реформи за земјите кандидати за членство во Унијата, се најде во ситуација во која спроведувањето радикални внатрешни промени е означено како егзистенцијален предизвик за европскиот блок.

Визијата на Драги за тоа како да се одговори на многубројните предизвици со кои се соочува ЕУ е фокусирана на енергетиката, високата технологија и на зајакнувањето на издржливоста. Таа е особено амбициозна бидејќи предвидува дополнителни 800 милијарди евра годишно во приватни и јавни инвестиции, што би претставувало значително зголемување на трошењето на европскиот блок. Но, доколку се спроведе според предвиденото, се смета оти оваа идеја би можела да ја стави европската економија на „ракетен погон“.

Сепак, се истакнува дека Драги не поседува волшебно стапче за реализација на неговиот план, чие остварување се смета за речиси невозможна мисија. За голем дел од предлозите на Драги е потребна согласност од сите 27 членки на ЕУ. А по помалку од три часа откако Италијанецот ја завршил својата презентација на извештајот, германскиот министер за финансии Кристијан Линднер рекол дека Германија нема да се согласи на заедничко задолжување, што претставува една од предложените реформи.

Британскиот историчар Пери Андерсон опишал како властите во Отоманската Империја залудно се обидувале да ја реформираат својата држава на умирање. И покрај безбројните реформи, „Отоманската Империја едноставно стануваше сè поизмачена и скршена“, напиша тој. Згора, ЕУ се соочува со внатрешни поделби и потреси, кои со сигурност ќе го отежнат спроведувањето на реформите. Франција и Германија, кои важат за предводнички на Унијата, се справуваат со економски проблеми и политички превирања, а разединетоста во европското семејство се забележува при снабдувањето на голем број членки со оружје од неевропски производители, што самиот Драги го потенцира во својот извештај како едно од главните прашања.

Постои реално стравување дека политиката на проширување на ЕУ ќе биде во втор план во однос на реформите на Унијата или, пак, ќе биде дополнително отежната додека еврозоната се фокусира првенствено на нивно спроведување. Но може да се сфати и сосема поинаку. Како мотивација за земјите од Западен Балкан и самите да ги засукаат ракавите и да се зафатат со многу потребните реформи на сите полиња. Почнувајќи од самите односи со ЕУ и со соседите, па до справувањето со корупцијата, реформирањето на судството, здравството, образованието… Ако ЕУ може да се нафати на таков амбициозен план за менување на внатрешното уредување, тогаш со сигурност можат и земјите кандидати за членство, наместо да се помират со седењето во европската чекалница, без да повлечат храбри и решителни потези за подобрување на своите општества

Но падот на Стариот Континент не е однапред одреден. А ЕУ и претходно се врати од „работ на бездната“. Токму Драги беше поздравен како спасител на еврозоната за време на должничката криза во 2012 година. Можеби неговиот директен пристап и речник употребен во извештајот ќе ги разбудат бирократите на Европската комисија. Токму големите потреси во изминатите две децении, како финансиската криза и пандемијата на ковид-19, ги поттикнаа владите во одредена мера да ги остават настрана своите лични интереси и да почнат со реформи.

Италијанецот минатата недела го прослави неговиот 77. роденден, па можеби токму тоа придонесе за да употреби песимистичка аналогија за состојбата во Европа, велејќи „оваа торта што станува сѐ помала, ја споделуваме со помал број луѓе“. Неговата изјава првенствено се однесува на заостанувањето на ЕУ зад САД и Кина, но од балканска гледна точка може да се протолкува и преку затвореноста на европското семејство за прием на нови членови. Постои реално стравување дека политиката на проширување на ЕУ ќе биде во втор план во однос на реформите на Унијата или, пак, ќе биде дополнително отежната додека еврозоната се фокусира на нивно спроведување.

Но може да се сфати и сосема поинаку. Како мотивација за земјите од Западен Балкан и самите да ги засукаат ракавите и да се зафатат со многу потребните реформи на сите полиња. Почнувајќи од самите односи со ЕУ и со соседите, па до справувањето со корупцијата, реформирањето на судството, здравството, образованието…

Ако ЕУ може да се нафати со таков амбициозен план за менување на внатрешното уредување, тогаш со сигурност можат и земјите кандидати за членство, наместо да се помират со седењето во европската чекалница, без да повлечат храбри и решителни потези за подобрување на своите општества. Тие сами треба да се изборат за подобро утре и за парче од европската торта, кое го очекуваат.