Во денешниов есеј ќе се осврнам на културниот геноцид врз Македонците што македонските политичари го направија со потпишувањето на билатералните договори со Бугарија и со Грција и со прифаќањето на Преговарачката рамка – документ на ЕУ за започнување на пристапните преговори со ЕУ. Прашањето дали во Македонија има културен геноцид е излишно – ние ја знаеме вистината и знаеме дека пред нашите очи се одвива културен геноцид…
По илјада години кои ѕвезди на македонското соѕвездие вечно ќе зрачат? Ќе наведам неколку, по мој избор, однапред извинувајќи им се на заборавените – изборот го отсликува мојот сегашен сензибилитет (и не соодветствува на реалноста): „Стерна“, „Ана“, „Оган под ѕвездите“, „Заветна“, „Македонија“… Дали има место барем за уште една ѕвезда изнедрена од денешнава генерација македонски општествени, културни и научни дејци? Ако одговорот на последното прашање е афирмативен, за што станува збор? Мојот избор е: резолуција за македонскиот културен геноцид. Но да почнам со ред.
Во поширок контекст, темата геноцид во денешниве геополитички превирања сѐ повеќе ја бранува меѓународната јавност, станувајќи притоа орудие за пресметка со противниците, а не тоа што всушност треба да биде: осуда на злосторства според меѓународното кривично право (основни злосторства според меѓународното кривично право се геноцид, воени злосторства, злосторства против човештвото и злосторство на агресија). Така, на пример, од една страна, Германија е предлагач (заедно со Руанда) на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, додека, пак, од друга страна, нејзините постапки поврзани со настаните во Газа се несоодветни: Ирис Хефетс, израелска психоаналитичарка од Берлин, е уапсена под обвинение за антисемитизам затоа што сама чекорела по улиците на Берлин со плакат: „Израелка и Еврејка: стоп за геноцидот во Газа“; Гасан Абу Сита (Ghassan Abu-Sittah), британско-палестински хирург и ректор на Универзитетот во Глазгов, на 12 април 2024 г. е спречен да влезе во Германија за да му се придружи на Палестинскиот конгрес; на 12 април 2024 г., штом палестинскиот писател и истражувач Салман Абу Сита (Salman Abu Sitta) ги изговори зборовите: „Гласот на жртвата е замолчен, негиран, осуден и оцрнет“, германската полиција му ја прекина струјата на Палестинскиот конгрес во Берлин и го спречи одржувањето на настанот; германското Министерство за внатрешни работи му издава забрана на Јанис Варуфакис за влез во Германија и за каква било форма на онлајн учество и активност на политички настани во земјата, исклучиво поради тоа што го објави, на 13 април 2024 г., својот говор што требаше да го одржи на Палестинскиот конгрес во Берлин.
Денешниов текст, меѓутоа, не се однесува на темата геноцид, туку на темата културен геноцид. Во членот 2 од Конвенцијата за спречување и казнување на кривичното дело геноцид (1948 година) – првиот правен инструмент за кодифицирање на геноцидот како кривично дело – се дефинира терминот геноцид: петтото (последно) дејствие извршено со намера да се уништи, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група, гласи: „Насилно префрлање на децата од групата во друга група“. Оттука, државата Македонија има елементи да поведе постапка за геноцидот што е извршен со протерување на македонските деца од Егејска Македонија по Втората светска војна. Ако под културен геноцид се подразбираат „акти и мерки преземени за уништување на културата на нациите или етничките групи преку духовно, национално и културно уништување“, тогаш за културниот геноцид врз Македонците во Грција, може да прочитате, примерите се многубројни, на пример во текстовите „Негирање на етничкиот идентитет“ од 1 мај 1994 година на организацијата „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) и „Невидливото малцинство на Грција – Македонските Словени“ на Би-би-си (BBC) од 24 февруари 2019 година, двата текста достапни на соодветните веб-страници.
Во денешниов есеј ќе се осврнам на културниот геноцид врз Македонците што македонските политичари го направија со потпишувањето на билатералните договори со Бугарија и со Грција и со прифаќањето на Преговарачката рамка – документ на ЕУ за започнување на пристапните преговори со ЕУ. Прашањето дали во Македонија има културен геноцид е излишно – ние ја знаеме вистината и знаеме дека пред нашите очи се одвива културен геноцид, за што исклучиво беа криви поранешните македонски политичари. Постоењето културен геноцид, меѓутоа, не повлекува постоење на културни геноцидни народи. Обичните луѓе лесно можат да станат соучесници во културниот геноцид: не поради нивните верувања, туку поради тоа што се нашле во ситуација кога и двете: хиерархиската послушност во групата и припадноста на група, ги притискаат да направат нешто со кое воопшто не мора да се согласат и за што всушност јасно гледаат дека не е во ред. Тие, припадниците на групата, немаат храброст (од двете наведени причини) да се спротивстават и да го отфрлат културниот геноцид: тие се подредени, често поради егзистенцијални причини, на групата: неприфаќање во групата подразбира нивно отфрлање, што се манифестира со слепа послушност. Ваквиот пристап резултира во суспензија на моралното расудување, односно префрлањето на одговорноста за стореното дело на други, кои се наоѓаат на повисоките скалила во хиерархијата, сè до самиот нејзин врв. Македонија е држава во која одговорноста е непознат збор.
Што треба да направиме? Дали процесот е реверзибилен? Да! Прво што треба да се направи е да се иницира донесување резолуција за македонскиот културен геноцид! Ги повикувам интелектуалците и обичните жители на Македонија да започнат со иницијативата. Текстот на резолуцијата треба да биде едноставен, читлив и разбирлив за секого и да го изразува македонскиот непокор. Режимот што замина нема да ја поддржи резолуцијата. Иако оваа резолуција, доколку биде усвоена, нема да биде обврзувачка, таа, сепак, е чекор кон принудување на режимот што замина барем морално да ја прифати одговорноста за своите (зло)дела, но многу позначајно, таа е чекор што ќе им покаже на помоќните: на ЕУ, на соседите, меѓутоа и на сограѓаните, дека Македонците не можат да одат подолу од ова
Каква ќе биде судбината на Македонија? На веб-страницата на Радио слободна Европа (https://www.rferl.org/) сѐ уште може да се прочитаат мислењето, поставено на 9 февруари 2017 година, на претседателот на Поткомитетот за Европа, Евроазија и новите закани во Претставничкиот дом на САД, според кое, „Косовците… и Албанците во Македонија треба да станат дел од Косово, додека остатокот од Македонија треба да стане дел од Бугарија или од други земји“ (https://www.rferl.org/a/macedonia-blasts-us-congressman-claim-not-coutnry-should-be-divided-kosovo-bulgaria-albania/28299244.html). Случувањата во Македонија во изминатите седум години, од 2017 до изборите во 2024 година, ги потврдуваат ставовите на конгресменот: де факто разделувањето не се случи, но де јуре тоа веќе се случи, имено, поранешната македонска владејачка елита, вклучувајќи го и поранешниот претседател на државата, само поради лукративни причини и сервилност упорно работеа за остварување на сценариото на конгресменот.
Што треба да направиме? Дали процесот е реверзибилен? Да! Прво што треба да се направи е да се иницира донесување резолуција за македонскиот културен геноцид! Ги повикувам интелектуалците и обичните жители на Македонија да започнат со иницијативата. Текстот на резолуцијата треба да биде едноставен, читлив и разбирлив за секого и да го изразува македонскиот непокор. Режимот што замина нема да ја поддржи резолуцијата. Иако оваа резолуција, доколку биде усвоена, нема да биде обврзувачка, таа, сепак, е чекор кон принудување на режимот што замина барем морално да ја прифати одговорноста за своите (зло)дела, но многу позначајно, таа е чекор што ќе им покаже на помоќните: на ЕУ, на соседите, меѓутоа и на сограѓаните, дека Македонците не можат да одат подолу од ова.
Во врска со настаните во Берлин од април 2024 година, Варуфакис ќе рече: „Ние, Европејците, ја предизвикавме оваа бескрајна трагедија: откако спроведовме екстремен антисемитизам со векови, што доведе до ужасниот холокауст, ние со децении бевме соучесници во бавниот геноцид врз Палестинците, како две неправди да чинат правда“. Двете неправди, иницирани повторно од Европејците, но прифатени од некои македонски политичари: првата – договорите со Бугарија и со Грција, и втората – Преговарачката рамка, не се поништуваат една со друга: не чинат правда. Оттука, време е ние да ги помрднеме работите: време е за резолуција!