Секој украински удар поддржан од Западот врз мостот на Крим или самиот Крим ќе добие одговор со силен одмазднички удар од Русија – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, а пренесе „Ројтерс“.
– Би сакала да ги предупредам Вашингтон и Брисел дека сите агресивни дејствија против Крим не само што се осудени на неуспех, туку и ќе бидат дочекани со разорен удар на одмазда – рече Захарова.