Интер вечерва го победи Милан со 1:0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Стрелец на единствениот гол на оваа средба беше Лаутаро Мартинез, кој погоди во 74. минута од натпреварот на асистенција на Ромелу Лукаку.
Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на „Нероаѕурите“.
Интер победи со вкупни 3:0 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, каде ќе се соочи со победникот од другата полуфинална пресметка меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.