АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Американката Микаела Шифрин постави нов рекорд според бројот на победи во Светскиот куп во алпско скијање за жени, откако победи во велеслаломската трка возена вчера во Кронплац (Италија). Тоа е нејзина 83-та победа во рамките на Светскиот куп, една повеќе од нејзината сонародничка Линдзи Вон.
Шифрин сега има вкупно 18 победи во велеслалом, како и 51 во слалом, пет во супервелеслалом, по три во спуст и на градски трки, две во паралелслалом и една во комбинација.
Следна цел на Шифрин е вкупниот рекорд во победи, кој го држи славниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк со 86 победи во трки во Светскиот куп (40 во слалом, 46 во велеслалом) остварени во 70-тите и во 80-тите години на минатиот век.