По протестите и немирите, француските власти од вечерва воведуваат делумен полициски час во реонот на Плоштадот на Републиката и околните улици.
Полицискиот час стапува во сила во 22 часот по локално време и ќе трае до шест часот наутро.
Претходно, францускиот премиер Себастијан Лекорну изјави дека побарал од локалните власти да воведат делумен полициски час по насилните протести што ја потресоа земјата во текот на викендот.
Тој најави дека, доколку ситуацијата го наложи тоа, може да биде прогласена и вонредна состојба.

































