Едно машко лице вчеравечер е повредено пред угостителски објект на улицата „Миле Поп Јорданов“ во скопската населба Козле. Лицето е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА.
– Според пријавеното, прво настанала расправија во угостителски објект помеѓу Б.Ѓ(44) од Скопје од една страна и К.Г., кој бил заедно со уште едно лице, од друга страна. Потоа, според пријавеното, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ – информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.