Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди пристигна во Трабзон каде што денеска треба да го реализира трансферот во турскиот првак Трабзонспор.
– Многу сум среќен што ќе бидам дел од шампионскиот тим на Трабзонспор и што сум тука. Останува да ги средам сите детали и потоа да се видам со мојот нов и со соиграчите – изјави Барди, кој пристигнува од шпански Леванте.
Тој денеска треба да ги мине медицинските прегледи и да потпише тригодишен договор со Трабзонспор.