Четириесет и седумгодишна жена од Скопје е прегазена денеска на бул.„Никола Карев“.
Т. Р. починала на лице место.
Возилото „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, го управувал 16-годишник од Скопје.
Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.