Со специјален чартер лет од Атина, 177 бегалци, рано утрово заминаа за Минхен, за спојување со нивните семејства кои што се наоѓаат во Германија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Министерството за миграциска политика на Грција, соопштуваат дека лицата во најголем дел се од Сирија, Авганистан и Ирак и се првите кои се обединуваат со нивните семејства, а во следниот период ќе следат и други вакви специјални летови.
Целиот процес е во рамките на административната спогодба меѓу Грција и Германија за поврзување со семејствата за бегалците што се наоѓаат во Грција, а обединувањето е веќе одобрено од Германија.