Полицијата и државното обвинителство во понеделник вршат претрес во фабриката за автомобили Опел, а истрагата е поврзана со сомнежите околу манипулации со дизел моторите.

– Опел целосно соработува со полицијата и државното обвинителство – соопшти управата на компанијата.

Дневниот весник „Билд“ јави дека на околу 100.000 автомобили од марката Опел со дизел мотори, иа манипулации со резултатите и испитувањата на издувните гасови.

Опел досега не беше дел од истрагата околу манипулациите со дизел моторите.