На патниот правец Битола – Прилеп вчера бил тешко повреден велосипедист, откако во него удрил автомобил.
-Вчера околу 18.00 часот на патниот правец Битола – Прилеп Х.Д. (30) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило “Хонда” со прилепски регистарски удрил во велосипедуправуван од Р.П. (55) од село Лажани-информираат од МВР.
По незгодата Р.П. била пренесена во Градска болница Прилеп каде од страна на доктор и биле констатирани тешки телесни повреди.