Д-р Петличковски посочи дека определба и целта на комисијата ќе биде да се следат научните сознанија и истите да се направат прифатливи за наши услови
Доктор Александар Петличковски, директорот на Институтот за имунологија е поставен за нов претседател на Комисијата за заразни болести.
Доктор Злате Мехмедовиќ, пак, е поставен за нов портпарол на Комисијата.
Ова денеска на заедничка прес-конференција со новите членови на Комисијата го соопшти министерот за здравство Беким Сали, кој пред неколку дена ги најави новите кадровски промени во Комисијата за заразни болести, која е советодавно тело на министерот за здравство. Тој упати и покана до неколку медицински експерти да влезат во составот на Комисијата, но тоа не беше прифатено од нивна страна.
Д-р Петличковски посочи дека определба и целта на комисијата ќе биде да се следат научните сознанија и истите да се направат прифатливи за наши услови.
Ние нема да работиме по принцип во Англија се фрлија маските и ние тука веднаш ќе ги фрлиме. Нашата определба е да следиме научните сознанија-посочи тој.
Во насока на почетокот на второто полугодие на учениците од основно и средно училиште и предвидениот скриниг посочи дека претходниот скрининг покажува во која стапка се развива ширењето на вирусот во училиштата.
– Во возрасната граница од 12 до 18 години има ниска инциденца на ширење на вирусот. Тоа ни дава за право да ја продолжиме наставата со физичко присуство-додаде тој.
На прашањето зошто последнито месец е пораснат процентот на реинфекции, тој вели дека омикронот може да го избегне имунитетот прележан од делта варијанта и имунитетот од вакцина, ако истата е примена пред подолг период.
Досегашен претседател на Комисијата беше доктор д-р Жарко Караџовски.
Изминатите речиси две години од пандемијата јавноста имаше доста забелешки за работењето на Комисијата, но и дека политиката има влијание во нејзиното работење.