Првите два случаja на коронавирус од сојот омикрон се пријавени во Унгарија, објави денеска генералниот хирург Сесилија Милер, додавајќи дека видот делта сè уште е доминантен кај повеќето заразени со коронавирус.
Според податоците објавени на веб-страницата на унгарската влада, во текот на викендот од последиците на коронавирусот починале 455 пациенти, а регистрирани се 16.017 нови случаи.
Од почетокот на пандемијата, во Унгарија се регистрирани 1.198.939 случаи на коронавирус, додека од оваа инфекција починале 36.884 лица.