Милијардерот, бизнисмен и иноватор, основачот на „Tесла“ и најбогат човек на светот, Илон Маск, е прогласен за личност на годината на традиционалниот избор на престижното списание „Тајм“.

Во објаснувањето се наведува дека Илон Маск оставил голема трага на нашата планета Земја, а можно е истото да го направи и на Марс, пренесува порталот на магазинот „Тајм“.

Познат е како основач на неколку компании, меѓу кои најпознати се „Тесла“ и „Спејс икс“.

Во 2021 година Маск се појави, не само како најбогат поединец во светот, туку и како најдобар пример за масовни промени во општеството, се наведува во текстот на „Тајм“.

Наградата личност на годината „Тајм“ ја доделува од 1927 година, а истата се заснова на проценка на влијанието што една личност го имала врз светските настани во текот на изминатата година.

Минатогодишната престижна награда ја поделија американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.