Секоја идна средба (инфекција) со вирусот ќе претставува сѐ поголемо зацврстување на имунитетот, што значи дека за тие поединци короната е завршена приказна! Ова значи дека „бустер“ дози на вакцини воопшто нема да бидат потребни!
Потребни се директни контати со вирусот на оние под 50 години, кои немаат хронични болести, а прележале ковид-19 и имаат примено две дози или бустер доза. Тоа е еден од методите кој може да доведе до побрзо справување на новата мутација омикрон, како и до надминување на пандемијата.
Треба ли да се плашиме од омикрон – епидемиологот Даниловски предупредува за опасностите
Епидемиплогот, проф. д-р Драган Даниловски вели дека можеби ова е радикален пристап, но предупредува дека ако веќе еднаш организмот научил како да се бори, тогаш тоа ќе го прави и со со мутации кои не предизвикуваат тешка клиничка слика.
Со секоја идна средба со вирусот до поголемо зацврстување на имунитетот
Но, ако се покаже дека омикрон навистина предизвикува полесна клиничка слика или макар иста како делта, Даниловски препорачува дека секој што е помлад од 50 години и прележал ковид два пати, прележал еднаш и примил една доза вакцина на „Фајзер“ (или дури две) или две дози „Спутник“ или „Астра Зенека“, прележал еднаш и примил две дози кинеска вакцина („Синофарм“ или „Синовак“), не прележал, но примил три дози вакцина треба слободно да се изложува на вирусот!
– Радикално звучи? Само на прв поглед! Еве зошто. Затоа што во сите горни случаи, имунолошкиот систем на организмот има стекнато „знаења“, тој научил како да се спротивстави не само на повторена инфекција со актуелниот делта, туку и со омикрон и било која друга идна варијанта на вирусот! Оттаму, секоја идна средба (инфекција) со вирусот ќе претставува сѐ поголемо зацврстување на имунитетот, што значи дека за тие поединци короната е завршена приказна! Ова значи дека т.н. бустер-дози на вакцини воопшто нема да бидат потребни!-објаснува епидемиологот.
Од „природниот“ начин на бустирање треба да се изземат постарите граѓани
Даниловски вели дека од круцијална важност е сите што примиле две дози, а немаат прележано ковид, да побрзаат да примат и трета (бустер) доза.
– Досега на сите вакцино-скептици веројатно им стана јасно како стојат работите со ризикот по нивното здравје. Нема потреба од присилувања. Особено станува бесмислено инсистирањето на вакцинални пасоши (потврди) и кај нас и во светот, имајќи ги предвид особините на омикрон да го заобиколува имунитетот. Се разбира, од „природниот“ начин на бустирање на имунитетот веројатно би требало да се изземат постарите граѓани и оние со хронични заболувања. За нив најбезбедна би била опцијата во иднина периодично да се вакцинираат, сосема аналогно како за сезонскиот грип. А во меѓувреме, да внимаваат да не го „закачат“ вирусот, независно дали примиле или не трета доза-заклучува Даниловски.