Американскиот претседател Доналд Трамп побара од ФБИ итно да ја симне ознаката за доверливост од дополнителни информации поврзани со истрагата за можно мешање на Русија во американските избори, соопшти Белата куќа.
Трамп побара и од Министерството за правда да ги објави текстуалните пораки поврзани за истрагата за Русија, но без измени кои во тие пораки ги внел директорот на ФБИ Џејмс Коми, поранешниот заменик директор на ФБИ, Ендрју Мекејб како и други поранешни и сегашни официјални лица од Министерството за правда.
Меѓу нив е и неодамна сменетиот агент на ФБИ, Петер Стрзок кој се најде на удар на критики поради испраќање текстови во кои се омаловажува Трамп како претседтаелски кандидат.