Вкупно 42 мигранта, од кои еден е од Бангладеш, а останатите се од Сирија, биле откриени во камион во близина на грчката граница, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на информации од МВР. Тие биле пронајдени откако полициско возило го следело камионот во близина на Стар Дојран. Во еден момент возaчот и еден од мигрантите скокнале од возилото во движење, а камионот удрил во полицискиот автомобил. При дополнителна инспекција биле забележани мигрантите.
Според МВР, станува збор за првата поголема група мигранти откриена во Македонија во изминатите шест месеци. Мигрантите се сместени во прифатилиште во близина на границата со Грција.