Полицијата во дневниот билтен информира за најмалку 13 тепачки што се случиле вчера и во текот на денешниот ден.
На 07.11.2021 во 04.15 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го привеле М.Т.(36), а извршиле службен разговор со М.П.(23), А.С.(31) и А.Л.(28), сите од Штип, постапувајќи по претходна пријава според која околу 03.45 часот, пред угостителски објект во Штип, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу М.Т., од една страна и М.П., А.С. и А.Л., од друга страна, при што биле употребени тврди предмети. По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.11.2021 во 01.25 часот во СВР Велес е пријавено дека во близина на угостителски објект во Велес, по претходна расправија, И.М.(18) од Велес бил физички нападнат од И.Т., П.С. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2021 во 14.30 часот во СВР Струмица Б.Ѓ.(65) од Струмица пријавил дека околу 13.15 часот во Струмица, по претходна расправија, бил физички нападнат од П.А. и В.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2021 во 20,35 часот во СВР Струмица И.А.(40) од с.Василево, струмичко пријавил дека околу 16.30 часот во с.Градошорци, струмичко, неговиот 17-годишен син и уште едно лице биле физички нападнати од М.Н., С.Н. и А.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2021 во 09.30 часот во СВР Велес Д.Д.(34) од Велес пријавила дека на 05.11.2021 околу 22.00 часот на игралиште кај место викано „Тунел“ во Велес нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Ј.Д. и В.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2021 во 03.35 часот во Полициска станица Тетово се приведени М.Г.(18) од с.Брвеница и Д.М.(20) од Тетово, постапувајќи по пријава од М.Г. според која бил физички нападнат од Д.М.. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.11.2021 во 00.40 часот во СВР Струмица Ѓ.Е.(54) од Радовиш пријавил дека на 06.11.2021 околу 23.30 часот, на паркинг во близина на угостителски објект во Радовиш, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.С. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2021 во 22.00 и во 22.10 часот во СВР Скопје В.З.(42) и С.Н.А.(40), двете од Скопје, пријавиле дека околу 22.00 часот, во близина на трговски центар на подрачјето на Аеродром, нивните 17-годишни синови биле физички нападнат од Р.С.(33) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок од ЗППРЈМ.
На 06.11.2021 во 22.15 часот во СВР Скопје А.А.(32) од с.Средно Коњари, скопско, пријавил дека околу 22.00 часот пред продавница во с.Горно Коњари, поради меѓусебно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.11.2021 во 01.20 часот во СВР Скопје М.С.(41) од с.Марино, скопско, пријавил дека во 00.30 часот, пред угостителски објект во нас.Илинден, заедно со Д.А. и И.К. биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.11.2021 во 05.00 часот во СВР Скопје С.Ј.(25) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека околу 04.00 часот пред угостителски објект во с.Марино, скопско, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2021 во 22.35 часот Т.М.(26) од тетовска Мала Речица пријавил дека во неговиот угостителски објект на ул.„Љуботенска“ во Тетово бил физички нападнат од Л.С.(25) од М.Речица со уште четири лица. Се работи на расчистување на случајот.