Вкупно 90,5 килограми канабис биле откриени на граничниот премин Евзони со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, во камион што во Грција влегол од Македонија, пренесоа повеќе медиуми.
Суровиот канабис се наоѓал во 88 пакувања скриени во петте резервни гуми под камионот. Возачот на камионот бил уапсен.