Две непознати лица вчера извршиле разбојништво во казино на ул. „Вангел Дину“ во Скопје.
МВР информира дека сторителите со закана со пиштол од касата одзеле околу 50.000 денари, по што побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.