Играчот од средниот ред Манчестер Јунајтед, Пол Погба истакна дека секој фудбалер треба да се чувствува удобно во тимот. Тој одби да коментира за ситуацијата на „Олд Трафорд“ и за евентуално постоење конфликт со тренерот Жозе Мурињо.

– Да, сега сум светски шампион, но јас сум сè уште истиот Погба. Давам сè од себе за доброто на Манчестер Јунајтед. Кога се чувствувате удобно, кога се е добро во вашата глава, тогаш сè е полесно. Секако, полесно е кога луѓето имаа доверба во тебе – изјави Погба.

Французинот мината сезона немаше одлични односи со менаџерот Мурињо.

– Дали ми е удобно во Манчестер Јунајтед? Постојат некои работи за кои може да се зборува, но има и такви за кои не можам да зборувам, инаку ќе бидам казнет – вели Погба во изјавата за англиските медиуми.