Три лица од Блаце се фатени со речиси 10 килограми марихуана спакувана во црни вреќи во багажникот и на задните седишта од автомобилот.
– Осомничените на 15 декември на автопатот Скопје – Велес неовластено, заради продажба, пренесувале наркотична дрога марихуана во количина од 99,95 килограми. Дрогата била сместена во девет црни најлонски вреќи во багажникот и на задните седишта од патнички автомобил ‘бмв’. Овластени полициски службеници ги сопреле на наплатната станица, при што ја пронашле и ја одзеле марихуаната – соопшти Основното јавно обвинителство Велес, кое донесе наредба за спроведување истражна постапка против трите лица од Блаце.
Поради опасност од бегство, можност за влијание врз соизвршители заради попречување на истражната постапка и опасност да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против тројцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.