Планетата Земја загуби 28 илјади милијарди тони мраз од површината од 1994 до 2017 година, со тоа што 60 отсто од стопениот мраз се наоѓа на северната хемисфера, според податоците објавени во дигиталното списание „Криосфер дискашнс“
Научниците од универзитетите во Лидс и во Единбург, во соработка во Универзитетскиот колеџ во Лондон, комбинираа сателитски снимки и нумерички модели за да го откријат влијанието на глобалното затоплување. Групата на истражувачи смета дека се загубени „сериозни“ количества мраз и предупредуваат дека топењето на глечерите и ледниците ќе доведе до зголемување на нивото на морињата за еден метар до крајот на векот.
Анализата покажа дека стапката на топење на мразот пораснала за 57 отсто од 1990-тите години, односно се загубиле од 0,8 до 1,2 илјада милијарди тони мраз годишно, што се должи на засиленото топење на планинските глечери, Антарктикот, Гренланд и ледените површини на Јужниот Пол. Поголемиот дел од загубата на мразот е резултат на атмосферско топење, кое се одрази со 68 отсто од мразот во арктичките мориња, планинските глечери и ледените обвивки, а преостанатите 32 отсто се должат на природното топење на ледниците и отцепувањето на големи блокови мраз од ледените покривки.