Од ден во ден бројот на заразени од ковид 19 во Прилеп расте.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска до 11 часот, во општина Прилеп има 12 нови случаи на коронавирус, додека четири лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 139, од кои 112 се наоѓаат на домашно, а 27 на болничко лекување.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 510. Ка.М.