Австрија повторно ја воведува мерката за носење маски во супермаркетите, банките и поштите, како резултат на зголемувањето на бројот на заболени со коронавирус во последните неколку недели, соопшти канцеларот Себастијан Курц.
Австрија воведе карантин на почетокот на избувнувањето на пандемијата во средината на март и почна со олеснување на мерките еден месец подоцна, укинувајќи ја дури и обврската за носење маски во продавниците и училиштата на 15 јуни.
Маските останаа задолжителни во јавниот превоз, болниците, аптеките и фризерските салони.
И додека бројот на нови случаи дневно беше под 50 во мај и јуни, тој се зголеми во текот на месецов на над 100 нови заразени лица секој ден.