Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен и западен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време, освен в петок попладне и в сабота, кога ќе има појава на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.