Поради скапата диета, спадна на леб и вода!
И да се биде гол на плажа, за нудистот е гола вода!
Беше вистински вол, но и од тоа имаше полза, затоа што не можеа да го молзат!
Чиста сметка – долга љубов, но и таа со сметка!
Чистотата е половина здравје, а карантинот цело!
Тој неа ја галеше како маче, а таа тоа го обеси мачката на опашката!
Тоа што нему теориски му паѓаше на ум, на другите практично им паѓаше на глава!
Од џумката лесно може да се зголеми обемот на главата, но и да се изгуби свеста во неа!
Од зборови, ги прејдоа избирачите!
Единствено нешто знаеме доколку точно знаеме што не треба да знаеме!
Големата упорност најчесто се исплатува, но преку минималец!
Тој уште од јануари се преправаше дека е глупиот Август!
Животот е како шах во кој дури и пионите сакаат да го изедат кралот!
Најлоша комбинација е долг јазик со краток ум!
На доушникот ушите не му служат за да чуе кој убаво пее, туку кој зло мисли!
Политичарот кому сите бои убаво му стојат најубаво се излежува во функционерската фотелја!
Беше зрел како крушка, па затоа лесно падна од високите гранки!
Оние што постојано ни солат ум, не им е лесно да си го зачуваат во сопствената глава!
Доколку постојано трчате по нешто и никогаш не го стигнувате, тоа не значи дека сте ажурен, туку потрчко!
Најмногу се крстиме кога ќе дознаеме колкумина во администрацијата примаат плата, а рацете им се цело време вкрстени!
Најпрвин се симна долу за да го изгласаат, а потоа се врати повторно горе за да не го погодат кога ќе почнат да го плукаат!
Помина низ сито и решето, но заглави на крупно мито!
Во животот подобро поминуваат оние чие животно дело се состои само од зборови!
Кристина Русјакова
Кој тебе со камен, ти него со такво знаење!
Кој вели дека сѐ ни оди надолу, кога многумина остануваат секогаш стабилни на дното!
Од тоа што му паѓаше на ум добиваше само џумки на главата!
И покрај тоа што имаат само еден јазик а две уши, некои повеќе дрдорат отколку што слушаат!
Остриот јазик е како меч со две сечила, од кои едното е секогаш вперено против неговиот сопственик!
Не е секогаш најумно да се бара за жена умна русокоса!
Земањето кредит го продолжува живуркањето, а неговото враќање го скратува животот!
Најуспешен од сите патенти во животот е ставањето патент на својата уста!
Новинарот најдобро си ја завршува својата работа коментирајќи ги туѓите незавршени работи!
Андреј Русјаков