Меѓу граѓаните се шири мејл со невистинита содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство, соопшти министерот Венко Филипче. Тој додаде дека за случајот е известен Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи и дека тој веќе постапува за овој случај.
Официјалната адреса на ресорното Министерство е: [email protected].
Филипче апелира до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација.
– Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество – вели Филипче.
❗ Ве молам споделете
Меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство. Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР кој веќе постапува за овој случај. pic.twitter.com/lgocWz9D7U
— Венко Филипче (@VFilipche) May 11, 2020