Бизнисмен од градот Сантијаго де Компостела е уапсен под сомнение за кражба на медицински материјали, вклучително и околу два милиона заштитни маски, пренесоа локалните весници.
Материјалот, вреден пет милиони евра, бил украден од магацин во индустриска област, а полицијата соопшти дека се сомнева оти крајната дестинација за препродажба е Португалија.
– Сè е исчезнато – рече Алфонсо Пренса, потпретседател во регионалната влада на Галиција, во изјава за шпанската телевизија, ТВЕ.
Во магацинот, зад неговиот грб, телевизските камери регистрирале расфрлани и испразнети кутии.
Бизнисменот од Сантијаго де Компостела бил ослободен откако бил сослушан од судија во Врховниот суд на Галиција, но тој и натаму е под истрага, јавуваат шпанските локални медиуми.