Новите 29 заразени пациенти кои беа детектирани во последните 24 часа и со кои бројката на вкупнозаразени се искачи на 114, се очекувана бројка за министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, мерките го даваат резултатот, а верува дека полицискиот час ќе го намали бројот на новозаболени од коронавирус.
– Новата бројка на заразени е очекувана. Го најавивме тоа пред некое време. Поблага е кривата на новодијагностицираните пациенти во однос на други држави. Овие мерки до сега даваат резултат, верувам во тоа, а острите мерки очекуваме да ја намалат не така острата крива, која во овој момент ја имаме. Нема правила во епидемиологијата. Има начин на претпоставување како ќе се движат работите. Има отстапување во однос на тоа како се движат мерките. Верувам во тоа дека со мерките ќе биде благ порастот на заболените – рече Филипче.
Тој најави дека ќе се дискутира и за воведување на нови дополнителни мерки за возрасните лица над 65 години.
– Утре ќе биде дискутрано за воведување на дополнителни мерки. Станува збор за граѓаните над 65 години, кои освен полицискиот час, дополнително ќе треба да им биде ограничено движењето. Тие ќе треба да се движат науторо, но не и преку останатиот ден од денот – додаде Филипче.