Неодамна, издавачката куќа „Артконект“ го издаде романот,,Белина“ од добитникот на Нобелова награда за литература Јун Фосе.
„Белина“ е невообичаен роман во кој главниот лик одлучува да вози без да знае каде оди, сè додека не заглави во една шума. Така и ќе западне во неволја – но дали практично сам ќе ја повика неволјата? Движењето на главниот лик низ шумата всушност е движење длабоко навнатре во неговата душа.
Преводот од норвешки е на преведувачката Јасминка Марковска, која за преводот на претходниот роман на Јун Фосе, „Утро и вечер“ (издание на „Артконект“), влезе во тесен избор за наградата Драги.
– Никогаш не знаете накај одите (читајќи го романот Белина). Но тоа и не е важно: сакате да следите, да се движите во чекор со ритамот на овие зборови – пишува „Фајненшал Тајмс“.
































