РАКОМЕТ
- Македонија во ноември треба да ги одигра првите два квалификациски меча на патот кон јубилејниот 10. настап на континентално првенство, а ривали во групата 8 се Луксембург, Грција и Шведска
Селекторот на машката репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот состав, со 35 ракометари, во пресрет на првите два квалификациски меча од циклусот за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2028 година, и тоа со Луксембург дома на 4 ноември и со Грција на гости четири дена подоцна, во групата 8 во која е и Шведска. Квалификациите потоа продолжуваат во март в година. Македонската репрезентација досега има девет учества на ЕП.
На ЕП 2028 ќе играат најдобрите две селекции од секоја од осумте квалификациски групи, како и четири најдобри меѓу третопласираните. Директен пласман обезбедија европскиот шампион Данска и домаќините на континенталното првенство, Португалија, Шпанија и Швајцарија.
Македонија во јануари в година, пак, 10. пат ќе настапи на светско првенство, овој пат на Мундијалот во Германија, каде што во групата Х треба да се сретне со Исланд, Бахреин и со Јапонија.
Состав:Голмани: Мартин Томовски (Битигхајм, Германија), Васил Гогов (Вардар 1961), Никола Митревски (Еурофарм Пелистер), Иван Галевски (Алкалоид), Марко Кизиќ (Алкалоид). Леви бекови: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Димитро Хориха (Сегед, Унгарија), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Филип Талевски (ГРК Охрид), Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид). Средни бекови: Марко Митев (Алкалоид), Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Дамјан Митев (Алкалоид), Мирче Калајџиевски (Еурофарм Пелистер), Мартин Ивановски (ГРК Охрид). Десни бекови: Давид Савревски (ГРК Охрид), Мартин Велковски (Алкалоид), Томислав Јагуриновски (ГРК Охрид), Мартин Серафимов (Еурофарм Пелистер), Филип Николов (Алкалоид). Леви крила: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Марио Стојановски (Вардар 1961), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Иван Џонов (Алкалоид), Гоце Ојлески (ГРК Охрид). Десни крила: Александар Петковски (Алкалоид), Ален Ќосевски (ГРК Охрид), Никола Костески (Алкалоид), Ненад Белистојановски (Еурофарм Пелистер). Пивоти: Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар 1961), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Михаил Аларов (Алкалоид), Валентин Карасманакис (Алкалоид). Н.М.
































