Распоредот на кошаркарската НБА-лига се држи до традицијата на првиот ден од сезоната, актуелниот шампион ја слави својата титула, а потоа е домаќин на многу добар или одличен тим за да ја почне новата сезона, пишува НБА. Оваа проверена формула е дизајнирана да ги крене завесите, да обезбеди огномет и да ги постави темелите за следните неколку месеци.
Со синоќешниот меч Детроит – Бостон почна новата сезона на кошаркарската НБА-лига, а веднаш потоа беше и дуелот рано утринава на шампионот Њујорк со Филаделфија и средбата Оклахома – Сан Антонио, своевиден реванш-натпревар од финалето на Западната конференција.
Епицентарот на вечерта на отворањето на новата сезона во НБА-лигата беше во Њујорк, каде што Њујорк никс официјално требаше да биде крунисан за првак, првпат по 53 години. А на другата клупа во салата, Леброн Џејмс ја почнува својата рекордна 24-та сезона, сега со својот четврти тим, Филаделфија, пишува НБА. Н.М.
































