Самостојната изложба „Ноктурални проекции“ на академскиот сликар Дубравко Наумов ќе биде отворена на 27 октомври, вторник, со почеток во 19.30 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Кураторка на изложбата е Јасминка Намичева, а нејзината реализација е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Дубравко Наумов дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1993 година, а во 2006 година стекнал и диплома по дизајн на Универзитетот ОКАД во Торонто.

Во текот на својата уметничка кариера, Наумов изложувал во Европа, Канада и САД. Живее и работи меѓу Скопје и Торонто.