Доктор Роберто Стела од Италија почина од коронавирус во болницата во Комо.
Стела бил хоспитализиран поради респираторни проблеми, откако беше утврдено дека е позитивен на коронавирус. Тој бил општ лекар и претседател на Здружението на лекари во градот Варезе.
Колегите жалат за неговата смрт. Имал 67 години.
– Тој беше пример за способност и напорна работа на матичните лекари – рече Силвестро Скоти, секретар на здружението.