Фото: Приватна архива на Никола Конзулов

Македонска верзија на албумот, насловена „Можеби сепак има нешто“ е промовирана 2002 година во рамките на фестивалот на забавни мелдоиии „Макфест“ во Штип

Легендарниот балкански музичар Корнелие Ковач (81), од кого се простуваме денеска, кој беше познат и во светски рамки, создаде многу квлитетна музика и песни што несомнено ја одбележаа историјата на популарната музика во целиот регион. Од првата, „Пусти тротоари“, што ја создал на 14 години, па се до култните хитови што ги отпејаа најдобрите пејачи и групи на некогашна Југославија, чии звуци кај секој од нас будат спомени и не поврзуваат со важни мигови во нашите животи.

Иако почитуван од македонските музичари и естрадни уметници, тој соработувал со малкумина од нив, а единствениот македонски пејач на кого големиот Корнелие Ковач му напиша цел абум е Никола Конзулов, сега член на групата „Акустико“.

Фото: Приватна архива на Никола Конзулов

Со Никола пораговаравме за тие убави дамнешни времиња, на почетокот на 2000. година, која ја имаше честа две години да живее во Белград и својот прв албум, насловен „Можеби сепак има нешто“ да го подготвува во студиото „Арета“ на Корнелие Ковач.

– Првпат со Корнелие Ковач се сретнав на фестивал во Зрењанин, Србија, во 2001 година, каде бев приватно, а кога непсоредно го прашав дали можеме наскоро да договриме средба во Белград веднаш се согласи. И се случи за мене нешто многу важно големиот композитор Корнелие Бата Ковач се согласи за мене да напарави цел албум од десет песни, првично се договоривме да има македонска и српска верзија – се потсети Никола на првата средба со големиот музичар.

Фото: Приватна архива на Никола Конзулов

Конзулов ни рече дека Корнелие бил голем професионалец и голем човек, кој сакал да им помага на младите таленти да го пронајдат својот пат. Тој ни откри и некои помалку познати работи за него и за неговото семејство.

– Младинскиот фестивал во Суботица, кој опстоја се до денес, го издржа тестот на времето благодарение на Корнелие и на неговиот татако и дедо, кој направија се ова традиција да продолжи. Мислам дека малкумина знаат и дека Ковач бил концертен пијанист на турнеја на Мајкл Џексон, а освен во некогашна Југославија, големи успеси псотигнал и во Велика Британија и во Шпанија – вели Никола.

Фото: Приватна архива на Никола Конзулов

Дискографско првенче на Никола, подготвувано во студиото „Арета“ на Корнелие Ковач, содржи 10 песни со негов авторски потпис, поточно музиката е негова за 8 нумери, две песни се на Саша Пешиќ, а сите аражмани се дело на Корнелие, како и некои од текстовите.

Фото: Приватна архива на Никола Конзулов

– На српски јазик текстови напишаа и Саша Пешиќ, Љиљана Јорговановиќ, а една песна беше од поезијата на Ѓура Јакшиќ. На македонски ги препејаа нашите врвни текстописци Борче Нечовски и Огнен Неделковски, а текстот за песната „Дојди, дојди“ го напишав јас. Албумот, поточно неговата македонска верзија „Можеби сепак има нешто“ го промовиравме 2002 година во рамките на фестивалот на забавни мелдоиии „Макфест“, издавањето го помогна компанијата „Дамаг твин“, а и Корнелие присуствуваше на промцоијата. Песните се во поп-рок манир, со траги на неговиот омилен симфо-рок и несомнено многу квалитетни, но поради некои случувања во моето семејство јас одлучив да се вратам во Скопје и затоа не дојде до издавање на српската верзија, која требаше да биде под етикетата на ПГП РТБ – се потсети Никола Конзулов на своите почетоци.

Интересно е дека Корнелие Ковач освен композитор, аранжер и текстописец на албумот бил и музички продуцент и програмер, а ги отсвирел и клавијатурите на сите песни. Тој верувал дека овој носач на звук ќе биде успешен, не само во Македонија, но ете во животот понекогаш некои работи не можат да се испланираат.

– Познаството и соработката со големиот Корнелие Ковач за мене се скапоцено животно искуство. Иако тој беше постар од мене, немаше генерациски јаз меѓу нас. Од она што успеав да го научам за тие две години во Белград, сфатив дека сите што на кој било начин соработуваа со него имаа бенефит, многу учеа за музиката и за професионализмот и како да го извлечат најдоброто од себе. Како стручњак тој беше многу строг, но како човек беше едноставен, широк, народен човек. Бидејќи прво спиев во хотел, а тој живееше сам во куќа на Дедиње, бидејќи баш во тој период се разведе од сопругата Споменка, на која како што ми откри и ја посветил песната „Ти си ми у крви“, што е на репертоарот на Здравко Чолиќ, еднаш ми рече: „Дојди тука да спиеш, има место“. Се сеќавам кога по долгите снимања јадевме пица во студиото, а понекогаш и паштета и краставички. Но тоа воопшто не беше битно, зашто од човек како Бато можеше да се научи многу за сите сегменти од животот – вели со многу емоции Никола.

Тој ни откри дека Корнелие Ковач е роден на 1 јануари, па секоја година му се јавувал да му го честита и роденденот и почетокот на новата календарска година.

-Кога ќе одев за Белград задолжително се гледавме и ќе се напиевме по едно пријателско кафе – вели тој.

Сега Никола иако има и друга професија се уште преку групата „Акустико“, во која членува и неговиот брат Филип Конзулов, е поврзан со музиката.

На крајот ни откри дека размислува да го реиздаде албумот што го сними со Корнелие Ковач, бидејќи како што е и неговиот наслов „Можеби сепак има нешто“.