ШАХ – ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВА ЗА ВЕТЕРАНИ

Европското екипно првенство во шах за ветерани заврши вчера во градот Свидница, Полска, по интензивното последно коло, кое ги одреди победниците во категориите над 50 и над 65 години, пишува Европската шаховска унија (ЕЦУ).
Постигнувајќи ги сите победи, екипите на Англија 1 и Словачка се изедначија на првото место во категоријата над 50 години пред последното коло. Директната пресметка беше закажана за 9. коло и по возбудливата борба Англија победи со 2,5-1,5 и се закити со златниот медал. Англија 2 ја освои бронзата со 14 поени. Најдобро рангирана женска екипа беше женската репрезентација на Англија и ја освои титулата европски шампиони за ветеранки со над 50 години.
Во категоријата над 65 години селекцијата на Словачка убедливо го освои златниот медал со максимален резултат од 18 поени, Англија 1 беше втора со 16…, а женскиот тим на Германија беше најдоброрангирана женска екипа во натпреварувањето со девет поени. Н.М.