Гукеш е на праг да стане најмладиот шахист што надминал рејтинг од 2.750?

Велемајсторот (ВМ) Домарају Гукеш се очекува да биде најмладиот шахист со објавен рејтинг од 2.750 поени во историјата кога следната рејтинг-листа на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) ќе излезе наскоро, пишува интернет-страницата „Чес“.
Со 17 години, еден месец и 21 ден, Гукеш е светскиот шахист број 11 на листата за рејтинг во живо.
ВМ Магнус Карлсен, некогашниот светски првак во класичен шах, беше претходниот рекордер за најмлад шахист со рејтинг од 2.750 поени, ВМ Алиреза Фирузја го постигна тоа на 17 години, а тој е и најмладиот со рејтинг 2.800, со 18 години и пет месеци, 14-ти играч во историјата што го направил тоа, пишува „Чес“.
Гукеш ја освои својата велемајсторска титула во 2019 година. Во јули 2022 година тој постигна рејтинг во живо од 2.700 поени, со што стана четвртиот најмлад шахист што некогаш го постигнал тоа. Н.М.