„Спејс екс“ на милијардерот Илон Маск води на полето на оператори за комерцијални вселенски летови со голема разлика, лансирајќи 281 лет од 2008 година, од кои повеќето полетаа во последните три години.
Други познати милијардери пионери во вселената се Ричард Бренсон, со 20 лансирања на неговите „Вирџин галактик“ и сега веќе непостојните лансери на „Вирџин орбит“, и Џеф Безос со 17 лансирања на неговите ракети „Блу ориџин“.
„Спејс екс“ исто така стана вреден партнер за лансирање на американската влада и НАСА. Во моментов има договор вреден повеќе милијарди долари за развој на последната масивна ракета „Старшип“ во лунарен лендер способен да испорачува астронаути на Месечината.
Неодамнешното зголемување на фреквенцијата на тешко лансирање, особено во „Спејс екс“, го забрзува падот на трошоците – пакет од еден килограм сега може да се испрати во ниската Земјина орбита за само 1.500 долари.
„Спејс екс“, формално познат како „Спејс експлорејшн технолоџи корпорејшн“, е вториот највреден приватен стартап во светот, со процена од 180 милијарди долари, додека кинескиот „Бајтданс“ е највреден, со 225 милијарди долари.