Фото: МВР/Илустрација

Расчистено разбојништво во фабрика во Чегране

Полицијата целосно го расчисти разбојништвото извршено на 26 ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Завчера и вчера, полициските службеници приведоа пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело разбојништво против: Н.И. (39) од Дебар, Н.Р. (29) и Г.С. (36) од Струга и против гостиварците Р.Б. (32) и Г.Б. (18). Тие се сомничат дека на 26 минатиот месец околу 22.30 часот физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје, го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552,85 килограма канабис, се вели во соопштението на МВР.