Драмскиот театар – Скопје ја заокружува својата продукција од годишната програма за 2023 година со премиерата на претставата „Падот на Масада“.
Премиерата „Падот на Масада“ ја режираше режисерот Дејан Пројковски, на текст на авторот Венко Андоновски, а ќе се изведе денеска.
Асистент на режија е Дамјан Димовски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографија исто така, а музиката на Горан Трајкоски.
Улогите ги толкуваат актерите на ансамблот при Драмскиот театар – Скопје: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески.