По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија нови музички изданија. По филмовите „Прашина“ и „Сенки“, Кирил Џајковски повторно соработува со режисерот Милчо Манчевски со кого заедно членуваше и во групата „Бастион“.

Тој е автор на песната „Red safari“, која е дел од саундтракот за филмот „Врба“ на Манчевски. Песната и видеоспотот излегуваат истовремено со успешната светска премиера на филмот на 14-от Филмски фестивал во Рим.

Инаку, во „Red safari“, тој реализира уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски.