Последната дванаесетта сезона на „Лери Дејвид“ ќе има премиера на 5 февруари, на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“. Премиерата на каналот „Ејч-би о“ ќе биде на 21 февруари, во 21 часот.

Култната серија „Лери Дејвид“, добитничка на „еми“ и златен „глобус“ во која Лери Дејвид глуми претерана верзија на самиот себе, нуди ироничен приказ на фиктивниот живот на писателот, продуцент и комичар.

Оваа хумористична серија продолжува да докажува како навидум тривијални детали од нечиј секојдневен живот може да доведат до катастрофална низа на настани. За да може нарацијата да остане спонтана, серијата се снима без сценарио, а актерите импровизираат во од.

Освен Лери Дејвид, во серијата настапуваат и Џеф Гарлин, Сузи Есман, Шерил Хајнс, Џ.Б. Смув, Ричард Луис, Тед Дансон, Винс Вон и Трејси Улман.

Креатор на серијата е Лери Дејвид, кој во исто време е и извршен продуцент заедно со Џеф Гарлин и Џеф Шафер, а извршни копродуценти се Лора Страјкер и Џенифер Кори.
Претходните 11 сезони на оваа серија се достапни на стриминг-платформата.