„Лава“ е насловот на новиот сингл на ДНК и на Таско, соработка потпишана од Панчо, Лазар Цветкоски и Таско. Имено, музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и на Таско, текстот е со потписот на Панчо и на Таско, битот е на Хајпер енд Бокса, кои заедно со Лазе стојат и зад аранжманот, а токму во неговото студио и е снимена, мастеризирана и продуцирана темата.
Веќе стандардно, песната излегува во исто време со спот, за кој овој пат се погрижија Страхиња и Лео, Малосамо енд Л. Фрстнер, едни од најбараните момци од соседството кога се во прашање музичките спотови.
Во кадрите се појавуваат и Миа Гирауд, девојката од филмот „Сестри“, првиот македонски филм што се прикажува на „Нетфликс“, поранешната водителка Мелита Ракичевиќ, која по подолго време се враќа на малите екрани, и Зорица Антиќ, Лоу З една од најдобрите тверкерки на Балканот и моделките Ангела Грамосли и Јања Станојевиќ.
– Направивме одлична соработка со Таско. Имаме супер звук и уникатно видео. Типуваме на „Лава“ и веруваме дека ќе предизвика вистинска ерупција кај нашата публика – велат Панчо и Андреј.