Во 2022 година, индиската држава Асам успеа да го зачува индискиот носорог, што е првпат по 45 години.
Индиската хуманитарна организација „Вајлдлајф траст оф Индија“ им честиташе на Владата на Асам и на локалните заедници за ова значајно достигнување, што е првпат по 45 години да нема инцидент со ловокрадство во регионот.
– Ова неверојатно достигнување покажува на глобално ниво како можеме да го промениме наративот и да ја подобриме иднината на видот. Извонредното достигнување следува по силната јавна кампања за палење на 2.500 рога на носорог запленети од ловокрадци минатата година – рече директорот на „Вајлдлајф траст оф Индија“, Ратин Барман.
Според организацијата за правата на животните Меѓународен фонд за благосостојба на животните, индискиот носорог бил широко распространет низ северниот регион на Индија сѐ додека не бил десеткуван во почетокот на 19 век поради популарноста на спортскиот лов. Како резултат на тоа, се проценува дека во 1908 година останале само 12 носорози во Казиранга, Индија.
За среќа, Асам сега е дом на најголемата светска популација на индиски носорози со речиси 2.900 носорози низ целиот регион. Благодарение на напорите за зачувување, овој вид сега е двојно зголемен низ североисточна Индија.